Пејачката Весна Змијанац со децении криела дека одгледувала девојче напуштено од родителите. Кога оваа вест излезе во јавноста, Весна само потврди, а како што пишуваат српските медиуми, Николија била наводно шокирана затоа што нејзината мајка со години го криела тоа од неа.
– Никогаш не сум разговарал за тоа, не сакам да правам помпа. Многу помогнав, особено на децата на кои им беше тешко. Да, точно е дека се приврзав со девојче, понекогаш разговараме и денес. Некои од овие деца ме заборавија, некои не. Многумина од нив сè уште ме паметат и денес, ми честитаат роденден, се јавуваат. Па, можам само ова да го кажам и ништо повеќе – истакна Весна за „Курир.рс“
– Николија е во шок. Не знаеше дека Весна требало да го посвои девојчето и дека во тајност ја образувала и се грижела за неа. Таа ја нападна Весна зошто ја криеше од неа кога цел живот сакаше да има сестра. Боли многу што слушнала вакво нешто од медиумите наместо директно од нејзината мајка, а за „Стар“ откри извор близок до Николија.