Весна и Ѓоле Ѓогани се повеќе години во брак, а досега немало да се шпекулира дека има несогласувања зад затворени врати, но една колешка се обидела да и наруши среќата со Ѓогани.
Тоа се случувало во првите години од нивниот заеднички живот, а тоа било одличен тест за пејачката и нејзиниот сопруг.
„Бев несигурно девојче, па бев љубоморна на згодните риби со кои Ѓоле беше опкружен. Нема сега да им го спомнувам името“, вели Весна за „IDJ Hot“.
Пејачката откри уште детали.
„Станува збор за наша колешка, но имаше и други кои се обидоа да ја искористат нашата популарност. Среќа, Ѓоле знаеше да биде разумен, да ме смири и да одалечи од нас. Посебно беше тешко кога по породувањето морав да останам дома и да го чувам бебето, а тој мораше да работи“ додава пејачката.