Радио Милева не се појавила на снимање

Весна Дедиќ откри дека никогаш веќе нема да ја покани Калиопи во својата емисија „Балканска улица“: „Таа доцнеше, а мене ми се закани со отказ… тоа никогаш нема да и го заборавам“

Весна Дедиќ откри дека никогаш веќе нема да ја покани Калиопи во својата емисија „Балканска улица“: „Таа доцнеше, а мене ми се закани со отказ… тоа никогаш нема да и го заборавам“

Весна Дедиќ, познатата српска ТВ водителка и автор на популарната емисија „Улица Балканска“ која по долги години на РТС однеодамна се емитува на  српската ТВ Нова која се гледа и во Македонија, раскажа интересна приказна.

Имено, таа изјави дека повеќе никогаш нема да ја покани нашата пејачка Калиопи во својата емисија, бидејќи, како што тврди, не сакала да ја испочитува.

„Никогаш веќе нема да и се јавам. Ми се јавија од македонската телевизија или  нејзиниот менаџер беше, не се сеќавам точно, да ми кажат како би сакале таа да ми биде гостинка. Реков да, прекрасна жена, навистина ја ценам, ги сакам нејзините песни. Беше закажано интервјуто во 14 часот и јас подготвена ја чекам со тимот. Таа доцнеше, дојде два и пол часот продуцентите велат дека се слушнале доаѓа, и дека само што ја поминала патарината. Јас реков супер, ќе почекаме, нека дојде сега.

фото: принтскрин/јутуб

На што таа одговори дека не сака веднаш да дојде, туку дека најпрвин сака да оди во хотелот да се нашминка, да се облече, а дека ние сме должни да ја чекаме“ – вели Весна и додава:

„Ја повикав и и’ реков: „Слушајте Калиопи, тука се собрани сите, камермани, сниматели, тонци, светломајстори кои имаат свое работно време и кои работат за плата. Ова интервју ви значи многу во вашата кариера. И да дадете интервју на РТС во Балканска улица еден час, тоа треба да ви биде чест. Не дозволувам никој да го малтретира мојот тим поради твојата шминка. Вие сте доволно големо име за да можете да се појавите пред камера со малку маскара и пудра“.

Таа рече дека не доаѓа во предвид и дека сега ќе му се јави на тогашниот директор да му каже да ме отпушти, односно да ми даде отказ доколку не сакам да ја чекам. Јас и реков, слободно јави се. Таа не се појави на снимањето, јас не сакав да чекам неколку часа. Никогаш нема тоа да и го заборавам“ – заклучила водителката за „Свет“, пренесува српски „Блиц“.

фото: принтскрин/јутуб

Дали овој настан има и друга страна, односно дали Калиопи ќе сака да ја раскаже и својата верзија на случката, останува да видиме, во отворената покана од нашиот портал Вистина.ком.мк каде секогаш има простор за двете страни на приказната!

Фото: Инстаграм принтскрин/Јутјуб

To top