Синот на актерката Весна Бејби Петрушевска, Кирил Тренкоски пред некој месец замина кај својот татко во САД каде ќе заврши четврта година гимназија и ќе продолжи на факултет.
Кирил далеку од својата земја и својата мајка славеше полнолетство односно наполни 18 години.
Токму по тој повод, Весна Бејби на социјалните мрежи му се обрати со емотивна порака.
„Кирил наполни 18 години @ktrenkos00 се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него , знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон.Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска…демек сум кул и ок…тој стана полнолетен дечко….се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола 2 броја помали па имаше некое раниче на малото прсте.Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува:Ваш е ? Ја гледам насмеано и и одговарам:Највеќе е мојзлатен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“напиша актерката.
Таа објави и фотографија од синот и роденденската торта на која има неколку декоративни детали, како и роденденска свеќичка со број 18.
Среќен роденден.