Радио Милева

Весна Бејби распали жестоко: „Никогаш нема да бидете добри ТВ водители“!

Весна Бејби распали жестоко: „Никогаш нема да бидете добри ТВ водители“!

Новинарството и ТВ водителството се едни од постресните професии кои бараат вложување и постојано надоградување на самите себе и како личности и како професионалци.

Во денешно време, кога владее експанзијата на медиумите, новинарството и секој втор може да се занимава со оваа професија, а се поретко може да се најде вистински професионалец.

Во Македонија, на прсти може да се избројат  ТВ водителите кои одлично си ја вршат  својата работа.

Весна Бејби Петрушевска, најпознатата македонска актерка без влакна на јазикот удри по ТВ водителите.

На својот Фејсбук профил, таа сподели статус во кој потенцираше дека не треба да се препуштаат на спонтаноста туку да си ја завршат задачата.

Никогаш нема да бидете добри телевизиски водители ако не читате, не се подготвувате за вашиот гостин, кога немате чувство за одговорност дека телевизијата е силен медиум и имате драгоцено време.Уличарскиот дијалог со ниет “леле колку сме спонтани”не врви.Седнете и завршете си ја домашната задача!, напиша Бејби на ФБ.

А нејзините пријатели веднаш  и дадоа поддршка и коментираа дека е во право.

фото: Фејсбук

Top of Form

 

To top