Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска реши со нејзините следбеници на „Инстаграм“ да сподели две фотографи направени во опуштена домашна атмосфера.
Таа е доста активна на социјалните мрежи и таму често позира и промовира одредени брендови актерската школа која посветено ја води но, знае да открие и по некој детаљ од приватноста и како го поминува слободното време како што беше случај и сега.
Имено, таа на фотографиите позираше во прегратка на нејзините миленици, а како јавна личност која постојано е изложена под будното око на јавноста и секогаш изгледа скоцнано со шминка, овој пат се покажа во едно поинакво светло.
Актерката е голем љубител на животните, а нејзината наклонетост кон четириножни суштества докажува дека расте се повеќе и повеќе. Таа го потврди тоа и овој пат со фотографиите кои ги објави на краките приказни на нејзиниот Инстаграм профил.
Бејби позира седејќи во нејзината удобна фотелја во дневна соба буквално „покриена“ со нејзиниот миленик не криејќи ја радоста од преубавата дружба за време на викендот.
На фотографијара впечаток оставаат и нејзините домашните влечки со костурски глави кој доминираат во преден план, а кои подоцна беа „нападнати“ и грицнати од миленичето кои сакаше само да си поигра.
„Мрзлива недела“, напиша актерката на фотографиите, а дефинитивно недела ја искористила максимално да ужива и да ги полни батериите во присувство на милениците.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Весна Петрушевска Бејби