Кај нас нема голем број инфлуенсери на социјалните мрежи, но затоа пак оние познатите, претежно дами, кои се занимаваат со маркетинг и промоција на разни брендови, буквално ја преплавуваат социјалната мрежа со објави.
Големиот број на следбеници, влијателноста и популарноста се привлечни за клиентите кои не ретко знаат да ангажираат и да платат за спонзорирана објава на профилите на познатите Македонки.
Една од најактивните инфлуенсери е ТВ водителката Лила Филиповска, потоа тука е ТВ водителката Миа Костова, струмичката блогерка Љупка Митрова и други претежно телевизиски лица.
Од нив можете да дознаете за разни производи, од такви за козметика, облека, па се до оние за храна. Инстаграм е буквално како една продавница, па ако не сте љубител на шетање и потрага по некој производ или услуга, најлесно е да отворите кај некоја од нив.
Актерката Весна Бејби Пертушевска деновиве објави свое видување за Инстаграм инфлуенсерството за кое вели:
-Инстаграмов со инфлуенсериве во Македонија пропадна! Дека нели не е живот Инстаграм (современа мисла од инстаграм инфлуенсерка) Пуштај на најјако бејб – јасна беше пораката на Весна која како и секогаш без влакна на јазикот си го кажа своето.
Е сега, на кого алудираше, веројатно засегнатите самите ќе се пронајдат.