Радио Милева
празнично

Весело во студиото: Марк веќе неколку сезони готви во „Брза кујна“, а сега дојде моментот и кога запеа (видео)

Весело во студиото: Марк веќе неколку сезони готви во „Брза кујна“, а сега дојде моментот и кога запеа (видео)

Секој работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ кое се емитува на Сител телевизија.

Веќе неколку сезони, готвачите, шефовите Марк и Никола подготвуваат разни специјалитети од намерниците кои ќе ги донесат натпреварувачите.

Тие имаат 20 минути да подготват јадења, а кога ќе го сервираат на масата изгледаат многу вкусно и оригинално.

Шеф Марк веќе неколку години во кујната на „Брза кујна“ ја покажува својата дарба  за готвење. Меѓутоа, говтвачот го покажа и својот талент за кој многумина не знаат ни дека го поседува.

Имено, зад камеритте на кулинарското шоу, во месецот на празниците и желбите, пред нова година, шеф Марк запеа заедно со македонската поп, фолк  и оперска пејачка со италијанско потекло Серафина Фантаузо.

На фејсбук профилот на „Брза кујна“ осамна видео на кое готвачот и Серафина заедно пејат.

-Во месецот на желбите , кога сите посакуваме многу радости и убави моменти за сите, кога срцата ни бараат уште повеќе љубов и топлина, тимот на Брза Кујна ќе се потруди да ви ја зголеми радоста и да ве расположи во очекување на новите почетоци кои ни пристигнуваат со Новата година. И по толку успешни сезони , дојде моментот кога и ШЕФ МАРК ЗАПЕА Можеби повеќе позади камерите, но сепак ни приреди вистинско уживање А ,Сања се тоа го снимаше за и вие да уживате.


Покрај тоа што заедно пееаја, тие заедно и готвеа на оперски начин.

За потсетување, од претходната сезона, водителката Александра Илиевска замина на породилно отсуство, а на нејзино место дојде Сања Савеска која се покажа како одличен домаќин во кулинарското шоу.

фото: фејсбук/брза кујна/сител телевизија

Останати вести од Радио Милева