Радио Милева голем ден

Весело: Лепа Брена се подготвуваше за слава, па заигра со куќната помошничка (фото)

Весело: Лепа Брена се подготвуваше за слава, па заигра со куќната помошничка (фото)

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ го слават Аранѓеловден, а во нивниот дом на Бежанијска коса веќе се започнати подготовките.

Брена и Боба се познати како добри домаќини, се води сметка за секој детал, од храна до забава.

Сега Виктор Живојиновиќ на својот Инстаграм профил објави видеа од кујната и покажа како течат подготовките.

Брена и нејзината куќна помошничка се забавуваа во кујната со песните на Ѓани, играјќи и пеејќи, а нема сомнеж дека трпезата ќе биде на високо ниво како и секоја година.

-Подготовките почнаа, напиша Виктор.

Да потсетиме, куќната помошничка на Лепа Брена неодамна стана хит на социјалните мрежи кога им даваше совети на луѓето како да се борат со пандемијата.

– Јадете топло, лук, нон стоп пржете пиперки со лук. Напиј се малку ракија. Испари, убиј ја и нема „Коронија“ после – велеше жената.

To top