Ништо лично ништо лично

Венко Филипче жестоко ги навреди музичарите: „Нека протестираат пред инфективна, пред оние што најверојатно се заразиле на нивните настапи и свадби“!

Венко Филипче жестоко ги навреди музичарите: „Нека протестираат пред инфективна, пред оние што најверојатно се заразиле на нивните настапи и свадби“!

Реакциите на новите одлуки на владата по препорака на Комисијата за заразни болести за нови мерки за заштита од ковид-19, кои овој пат главно предвидуваат ограничувања во работата на угостителските објекти и рестрикција на живата музика, жестоко одекнаа како на социјалните мрежи, така и во медиумите. Најгласни, секако најпогодените: угостителите и музичарите и естрадата воопшто. Зашто рестрикциите на звукот на 55 децибели и забраната за настапи на ДЈ и музичари по локалите повеќе од јасно е дека им ја запечатува не само естрадната кариера на оние што тргнале да ја градат, туку и судбината воопшто на сите оние, на кои музиката и музицирањето им е основна егзистенција!

Револтот и огорченоста се огромни кај музичката фела и ивент индустријата, која почна да се саморганизира и веќе го закажа првиот протест за утре, среда, 7-ми октомври 2020 год. во 14 часот пред Владата на Република Македонија.

Од друга страна истата таа влада или потчно нејзините најповикани луѓе во здравството предводени од министерот Венко Филипче засега никако не попуштаат, картегорички тврдејќи дека мерките мора стриктно да се спроведат, без оглед на колатералната штета која стотици, па и илјадници луѓе од угостителско-музичката фела и нивните семејства, ќе ги остави гладни на улица!

И додека на социјалните мрежи музичарите, а и останатите почнаа да си прават самите мајтап на сопствената мака која некој друг им ја приредил, министерот Филипче гостувајќи по одредени медиуми со своите „неумесни“ изјави дотура масло на огнот, што многумина го сфатија како дотурање „сол на нивната рана“,  сол која  им ја истураат токму тие што ги „ранија!“

Дури и музичарите кои важат за „блиски до власта“ сфатија колку е часот, па гледајќи дека покрај „сувото ќе изгори и суровото“, се обидоа „да му отворат очи“ и на министерот и на целата таа здравствено-комисиско-владина свита околу него, дека наместо да ги казнуваат и затвораат само оние газди и локали што го кршат законот, што не ги почитуваат одлуките и одредбите и не ги спроведуваат протоколите, тие решиле комплетно да „збришат“ се’ што е локал и се’ што во него свири и пее!

Или како што самите музичари по аналогија на настаните даваат еден пластичен пример: „Ако вечерва пет-шест возачи поминат со автомобилот на црвено светло на семафор, дали тоа значи дека ќе го забраните комплетно целиот сообраќај“?

И како капак на се’, Венко Филипче во едно од вчерашните гостувања на една од телевизиите, на новинарско прашање како ќе го коментира најавениот протест на музичарите пред владата, министерот даде неумесен одговор, испраќајќи им навредлива порака со жесток коментар:

„Нека протестираат пред инфективна клиника, нека ги погледнат во очи семејствата на оние кои се борат за живот и на оние кои починаа, а се заразиле најверојатно на нивните настапи и свадби каде што настапувале, лесно е да излезеш на протест, тешко е да седнеш и да најдеш решение кое ќе биде добро за сите…“ – меѓудругото им порача на музичарите пред утрешниот протест министерот Филипче.

Претходно „провладините медиуми“ го фалеа министерот дека е смирен и сталожен, дека не ги губи нервите на било какво новинарско прашање… Да, ама тоа беше пред избори, кога не смееше и не требеше да се покаже нервоза кон своите и другите потенцијални гласачи, а сега откако изборите завршија и маските паднаа, па гледаме некој друг Филипче.

Реакцијата на музичката фела и воопшто на голем дел од јавноста на неговата изјава уште пожестока, воглавно изразена на социјалните мрежи:

Ќе си даде ли Филипче оставка по ваквото скандалознио и недопустиво однесување, како што од него бараат музичарите? Тешко… или поточно, невозможно! Тогаш, дали барем министерот ќе се извини за нервозата, навредливиот и потценувачки однос кон музичко-уметничката фела, останува да видиме?

Како што останува да видиме дали нивниот протест ќе биде многу посилен и погласен од 55 децибели, а владата за нивните барања „ќе има слух“ за да ги преиспита и преиначи своите погубни одлуки?!

 

 

 

 

To top