Дека вистинската љубов не познава граници, не брои години и е посилна е од сите бариери, сведочи љубовната приказна на нашиот познат инфектолог др. Вело Марковски и неговата млада, убава и шармантна сопруга Евгенија.
Др. Марковски сега е во брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната од порано. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата. Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина. Откако младата убавица и професороот нивната љубов ја крунисаа со брак, набргу го добиваат и нивното синче, а Евгенија покрај дипломирањето се стекнала и со титулата магистер.
Денес се горди родители на две дечиња откако пред нешто повеќе од една година ја добија и ќеркичката и пример за тоа како сите животни препреки, бариери, коментари и озборувања, љубовта ако е вистинска, ги надвладува и победува.
Својата љубовна приказна ексклузивно за прв пат им ја раскажаа на нашите партнери и соработници од естрадниот магазин од зад сцената, „Бекстејџ“: