Синот на Цеца Ражнатовиќ, боксерот Вељко Ражнатовиќ откри како неговото семејство ја поднесува неговата професија, но и дека планира проширување на семејството.
„Ја доведов формата до невидено ниво, никогаш не сум бил поподготвен, се надевам дека ќе се покажам во рингот. Јас не одам да се зезам, туку да убијам човек“, изјави Вељко.
Тој откри дека живее повлечено во Тител и дека не излегува никаде.
„Мене со години никој не ме гледа. Лудак сум, имам 30 кучиња кај мене дома. Се бакнуваме во уста, се тркаламе по тревата“ вели Ражнатовиќ.
Велигденските празници Вељко ги поминал во Белград и во Тител, а откри дека и работи на проширување на семејството.
„Многу ми е убаво што сум во Тител, го одмарам мозокот. Богдана готви, не ни се поделни работите, јас имам бокс. Околу детето ни помага нејзината и мојата мајка, нејзините сестри, сите. Работиме на следниот наследник и ќе видиме“, вели Ражантовиќ.
Потсетуваме, Вељко и Богдана претходната година добија син кој го крстија Жељко.