Боксерот и син на Цеца Ражантовиќ, Вељко, наскоро треба да застане на „лудиот камен“, а неговата свршеница Богдана Родиќ веќе е глава на семејството.
„Да се прашувам јас, уште утре би се оженил. Не знам, кога жената ќе каже, таа е газдарица“, вели Вељко.
Цеца и Анастасија понекогаш ги гледаат неговите мечови, но младиот боксер вели дека ќе ги наговори мајка си и сестра си да му дојдат на следниот меч на 31-ви мај, порачува Вељко во една утринска емисија.
Потсетуваме, младиот боксер планира по Богдана да оди да ја побара од нејзините, иако таа веќе живее кај Ражнатовиќ, но ќе ги испочитуваат обичаите. Тој открива и дека на свадбата ќе имаат 500 гости.