Вељко Ражнатовиќ, синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, се огласи на својот Инстаграм профил, за неубава пригода.
Имено, Вељко сподели една тажна вест со своите следбеници, нешто што силно го погоди.
Тој ја искористи можноста јавно да се збогува со својот најверен пријател – неговиот пес.Вељко сподели фотографија во приказните на својот Инстаграм профил, на која се тој и неговото куче и напиша многу емотивна порака:
„Ќе се сретнеме повторно брате мој… но не, се’ уште“! – очигледно за последен пат простувајќи се од својот четвороножен домашен миленик и најверен пријател.
Фото: Инстаграм принтскрин/veljkoraznatovicfan