Вељко Ражнатовиќ не крие дека ужива во улогата на татко и сопруг, и често на социјалните мрежи споделува интимни моменти од дома, на кои главните улоги ги имаат Богдана и малиот Жељко.
Наследникот на Цеца Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија од Тител, родното место на неговата сопруга, на која неговата бремена сопруга и син спијат, и со истата предизвика воодушевување кај следбениците.
„Бебињата спијат“ – напиша тој покрај фотографијата.
Во меѓувреме Вељко објави и фотографии од славата во домот на неговата мајка, на кои се гледа како изгледа неговата сопруга во петтиот месец од бременоста.
Откако открија дека ќе добијат уште еден син, Богдана не е видена во јавноста.
Инаку, Богдана и Вељко веќе го имаат синот Жељко, а наскоро во нивното семејство ќе пристигне уште еден наследник.
Фото: Принтскрин/Инстаграм