Како што е познато синот и снаат на Цеца, заминаа од Белград и се наоѓаат во изолација во родниот Тител на Богдана! И додека бремената снаа ги извршува домашните задачи, Вељко ја начека Богдана во кујната па така „фатена во небрано“, ја снимаше во досега невидено издание, а шеговитото видео го сподели на Инстаграм.
Во него таа за да си ја заштити косата од миризбата при готвењето, ставила капа за капење, а Вељко тоа шеговито го искоментира: „Ве молам еден аплауз за оваа позната пливачка, минатогодишна победничка на олимписките игри“.
Како изгледаше шегата на Вељко, погледнете од видеото во продолжение.