Вељко Ражнатовиќ гостуваше во утринска програма, каде дојде да го најави претстојниот натпревар со украинецот Денис Казаков, кој е закажан за 4 септември.
На ова гостување на телевизија, синот на Цеца претстави и нов имиџ.
Вељко реши да ги пушти мустаќи.

Оваа промена предизвика лавина коментари на Твитер, каде корисниците на оваа социјална мрежа правеа шеги на сметка на неговите мустаќи.
Некои се пошегуваа дека тоа се всушност „мустаќи“ од кафе:
„Можеше барем да се измие, и да не биде толку кашест што талогот од кафето ќе му биде исцртан на образите“.

Имаше и такви на кои им се допаѓаше неговата промена, а тој призна дека семејството го поштедило од „ноќни смени“ во грижата за неговиот син Жељко пред натпреварот.
“Имам многу помош од мајка ми, тетка ми, семејство од страната на мојата сопруга, правам се’ што прават сите татковци, тие само ме поштедија малку до мечот, така што ги немам тие ноќни смени. Мајка ми се грижи за него ноќе, ние преку ден, но тој е смирен, тој е многу добар“, рече Вељко во„ Нови Јутра “на Пинк ТВ.