Светлана Цеца Ражнатовиќ следната година ќе стане баба, односно нејзиниот син Вељко и снаата Богдана го очекуваат своето прво дете.
Како што пишува курир.рс, фолк ѕвездата била воодушевена кога дознала дека ќе го добие своето прво внуче кое ако биде машко најверојатно ќе се вика Жељко, по дедото Аркан.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ceca-kje-stane-baba/
„Во домот на Цеца е вистинска еуфорија. Во првиот момент пејачката не можеше да верува, но веднаш почна да го бакнува синот и снаата. На честитките се придружија и останатите членови на семејството. Посебно се израдуваа прабабата Мира и прадедото Слоба. Со оглед на тоа дека во семејството Ражнатовиќ се почитува традицијата, ако биде машко, бебето ќе се вика Жељко, по таткото на Вељко“ вели изворот.
Идниот татко е пресреќен поради приновата во семејството.
„Останав без зборови кога ултразвукот потврди дека мојата свршеница Богдана е бремена. Фантазирав за овој ден, не ја тргнувам насмевката иако одам на село да работам. Многу убави работи ми се случија за моите 22 години, но ова е најубаво чувство. Откако дознавме за убавите вести, Богдаа и јас блексаме од среќа. Едвај чекаме бебето да ни се смее“ вели боксерот, а неговата свшреница порачува:
„Ќе станам мајка. Има ли нешто поубаво од тоа? Бебето ќе биде круна на нашата љубов која секој ден е посилна“ вели Богдана.
За потсетување, Вељко и Богдана се свршија пред неколку месеци, а свадбата е планирана за следната година.