Родителите на свршеницата на синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, се среќни што нивната ќерка е бремена и тие веќе започнале со подготовките за свадбата, која е закажана за 24 ноември.
Бидејќи снаата на Цеце Ражнатовиќ дознала дека е во бремена пред три дена, веднаш ја закажаа свадбата за 24 ноември во хотелот Хајат. Додека идната невеста е на вообичаеени труднички прегледи во Белград, Вељко Ражнатовиќ престојува во нејзиниот Тител, во куќата што ќе ја добие како чеиз. Мајката на Богдана, Данијела и таткото Богдан се воодушевени од добрата вест, па затоа ги поканија новинарите во куќата да ги почестат и наздрават за среќната вест со домашна ракија.
„Вељко ни ја донесе добрата вест во вторникот. Прво бевме во шок, а во исто време и среќни. Не се надевавме на принова, затоа што не се разговараше за тоа и не им вршевме притисок. Децата живеат заедно во Белград веќе една година и ним им е убаво. Мислевме дека сепак ќе уживаат во љубовта и патувањата уште некое време“ – вели гордиот иден дедо, а потоа идната баба се вклучила во разговорот. Таа вели дека веднаш се јавила кај сваќата Цеца, откако дознала за внучето кое е на пат.
„Таа беше пресреќна, а вечерта ние, овде собравме пријатели да славиме. Не е важно дали ќе биде машко или женско, важно е да е живо и здраво – вели Даниела. Иако младите ја планирале свадбата за следната година, сознанието дека ќе станат родители за седум месеци ја забрза нивната венчавка и семејна веселба.
По венчавката, тие ќе живеат во Белград затоа што не сакаат да ја остават Цеца сама. Тие исто така можат да живеат и овде, зашто на Вељко му даваме куќа во чаеиз, но тие сепак се определија за големиот град. Нивната одлука е заповед за нас“ – вели таткото на невестата Богдана, посочувајќи дека тој има зет за пример.
„Верен и е на Богдана, а е посветен на спортот. Тој се однесува кон неа и ја гледа како кралица, а за нас како родители ова е најважното нешто. Тој го сака Тител и овде доаѓа редовно, а тука ги чува и своите кучиња“ – истакнуваат сватовите на Цеца и додаваат:
„Без оглед на тоа што е со Вељко, таа не е променета, па затоа сè уште ни помага околу фармата за пилиња. Таа беше тука минатиот викенд и да продава со нас на пазарот. Претходно, таа претежно физички се напрегаше, креваше тешки работи, а овој пат, како да имаше претчувство за бременоста, па не се замори физички“ – вели таткото на невестата.
Неговата сопруга истакнува дека е во одлични релации со фолк ѕвезда, но дека со сваќата баш и немаат време често да се гледаат.
„Цеца често патува по концерти, а и ние сме со обврски. Немаме време како порано, да седнеме и да се дружиме по дома. Редовно контактирам со неа. Сега сме уште поповрзани, ќе имаме внуче, така што визитите сигурно ќе станат почести. Сега сме крвно поврзани, вистинско семејство.
Извор: Курир.рс
Фото: Соња Спасиќ/Дамир Дервишагиќ/ Инстаграм принтскрин