Дизајнерката Верица Ракочевиќ (70) и композиторот Вељко Кузманчевиќ (35) оваа година слават пет години љубов, која не престанува да ја изненадува српската јавност.
Верица за српски „Стори“ вели дека не гледа ништо необично во својата романса со двапати помладиот музичар и вели што за не е ненормален брак:
Разбирам дека е многу необична нашата врска, но според мене, многу ненормални бракови каде сопружниците се на исти години, тој ја изневерува на секој чекор, а таа останува со него за да добие уште една скапа чанта. Понекогаш ме погодуваат злите коментари кои обично се такви дека тој е со мене поради материјални причини, а ја сум со него поради она што сите жени го сакаат, што е апсолутна невистина. Ако нахранам некое его, ќе кажам дека нашиот брак не е идеален, баш како што не се ни другите, а нашата ситуација е таква што бара многу компромиси, вели Верица.