Ана Севиќ и Даниел Недељковиќ уживаат во љубовта, а пејачката момчето го запознала со ќерката Лорена, додека тој ја запознал со своите родители.
Иако со месеци се во складна врска, Ана и Даниел не споделуваа заеднички моменти со јавноста и ретко се појавуваа заедно.
Меѓутоа, Ана направи преседан , па сега за првпат сама сподели заедничка фотографија на социјалните мрежи и тоа додека уживаат на романтичниот залез на сонцето.