Она што беше најавено, се случи… Атрактивната Ведрана Ѓорѓевиќ повеќе не е водителка на естрадниот магазин „Голден Карпет“ кој се емитува на Канал 5 телевизија. Водителката си заминала од емисијата поради оправдани причини, е офицалното соопштение на организаторите организаторите. Неофицијално, висината на нејзиниот хонорар почнала да станува проблем, откако во оваа држава спонзорите кои и онака се доволно „исцицани“ од политиката, се помалку се заинтересирани за инвестирање во забавата!
Од друга страна информациите говорат дека иако заминува, Ведрана Ѓорѓевиќ брзо ќе се врати на ТВ екраните. Или барем во медиумскиот бизнис, зашто како што наголемо се зборува во естрадно-медиумските кулоари, еден голем мобилен оператор од соседството кој веќе е влезен во Македонија и нуди телекомуникациски и интернет услуги, а наскоро отвора и своја телевизија, па Ведрана ќе биде едно од првите ТВ лица во тој нов голем проект!?
Во меѓувреме, таа во една своја изјава вака го искоментира своето заминување од „златнот тепих“:
“Дел бев од “G-Carpet” додека траеше договорот на моите спонзори, а тоа е крајот на јануари. Ако имате такви сознанија од неофицијални извори, верувам дека ви било кажано зошто нема да соработуваме повеќе. Не станува збор за некакво недоразбирање со Миро, не знам од каде сето тоа, тоа се само шпекулации. Што се однесува за стартување на нов тв проект, секако тоа не е исклучено, но за сето тоа ќе Ве известам кога ќе дојде време за тоа. Сега главниот фокус ми е снимање на реклами, имам и сопствена продукција и постпродукција va_dventure е нашиот официјален профил на Инстаграм кога можете посетете го истиот и видете со што се занимавам“ – ќе потврди убавата водителка.
Во меѓувреме посилната половина од водителското дуо и авторот на проектот, Миро Кацаров не седеше со скрстени раце, но не се ни обиде да и најде постојана замена на Ведрана, туку пристапи кон еден друг концепт.
Имено, манекенки, пејачки, спортистки, инфлуенсерки…. во иднина ќе бидат во улога на водителки н „Голден Карпет“! Со нов концепт кој гледачите за прв пат ќе имаат можност да го видат и искусат во Македонија во февруари стартува еден поинаков „Голден Карпет” на Канал 5 телевизија. Концепт кој како што вели организаторот, гарантира забава со најпознатите јавни личности од регионот. По разделбата со Ведрана која го напушта магазиниот, „Голден Карпет“ продолжува со нов уникатен концепт на овие простори – во секоја емисија со нова водителка.
„Секоја недела ќе ги замениме улогите со една јавна личност од понежниот пол која ќе ја добие можноста да биде од другата страна на микрофонот и да се испроба во водителскиот свет. Токму затоа секоја недела на Канал 5 телевизија во „Голден Карпет“ заедно со Миро прашањата ќе ги поставува позната личност од македонскиот шоу- бизнис и модниот свет“ – порачуваат од тимот на Кацаров.
Оттука се наметнува сомнежот дека сепак гласините за „секнувањето на чешмата“ кога е приливот на спонзорите во прашање е можеби главната причина за заминувањето на водителката? Зашто новиот концепт во себе содржи „гратис водење за една употреба“, што секако мошне ја олеснува финансиската состојба и не го загрозува опстанокот на „Златниот тепих“, кому во поинаква консталација на односите, можеби и му се закануваше негово „завиткување и пакување“… во заборав! Вака, по „Златниот тепих“ и понатаму ќе чекорат познатите, популарни и селебрити фаци… Отсега, само во друштво на Миро Кацаров!
Инаку, „Џи – Карпет” започна со емитување во 2020 година, во екот на корона пандемијата, и за овие 3 години стана препознатлив и еден од најгледаните ТВ Магазини со солиден рејтинг во македонскиот етер. Нудеше забава, смеење, ексклузивни приказни, познати фаци за гости и несекојдневни содржини, кои овој пат ќе бидат спакувани во новиот концепт на „Голден Карпет” кој и понатаму ќе се емитува секоја недела во 19:30 часот на Канал 5 телевизија.
Фото: Инстаграм принтскрин/vedrana_edrana/miroslavkacarov