Наскоро започнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, па во српските медиуми се шпекулираат разни информации.
Имено, се зборува дека Аца Лукас нема да биде дел од жирито поради кавгата со Јелена Карлеуша.
Исто така, деновиве српските портали пренесуваат дека можеби Киа Коцкар, победничката во реалното шоу „Задруга“ ќе го замени Лукас. Овие информации досега никој не ги потврди.
Меѓутоа, Ана Бекута која исто така е член на жирито во музичкото шоу беше изненадена од оваа вест.
„Кој? Не знам каква улога би имала? Можеби знае Поповиќ, изјави Ана.
Инаку, новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започнува во септември, а ќе има и македонски претставници.