Вечерва, сабота 23 март 2019 година со почеток од 20.30 часот во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи големиот солистички концерт на една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски. Со своите најголеми хитови од трите албуми кичевскиот славеј ќе одбележи 10 години кариера, а како специјални гости ќе настапат колегите од братското дуо „Некст тајм“.
„Сонце не ме грее“, „Кога мене ќе ме немаш“, „Мандарина“, „Бонбона“, „Километри“, „Јако, јако“ и актуелната „Мајко“ се само дел од рефрените што ќе ечат во „Борис Трајковски“ вечерва, а сето тоа во организација на продукцијата „Авалон“ ќе биде овековечено и на дивиди.
Влезниците за вечерашниот настан се речиси распродадени, а преостанатите што се достапни можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија, во „Југотон“, „Розе“ – Веро 2 и во „Сити мол“, како и онлајн на avalon.mk.