Починатиот пејач Шабан Шаулиќ е роден на денешен ден во 1951 година. Денес на прерано починатиот крал на народната песна му е роденден.
Неговата вдовица Гордана Шаулиќ се обрати во јавноста со трогателна порака, истакнувајќи уште еднаш колку Шабан им значеше на сите.
„Денес е и најсреќниот и најтажниот ден. Денес на оваа насмевка и е роденден. Тој ќе наполнеше 68 години. Ми недостигаш толку многу што немам зборови за тоа да го опишам. Недостасува тој глас на славеј што лекуваше се. Знам дека одозгора гледаш и следиш и најмногу чуваш твоите Гоца, Санела, Илда и Михајло. Засекогаш си тука. Среќен роденден, кралу “ – напиша неговата Гоца.