Радио Милева естраден крал, ама и домаќин

Вдовицата на Шабан Шаулиќ наследи австриска пензија: Еве колку ќе добива месечно и зошто Шабан не плаќал придонеси во Србија, туку во Виена

Вдовицата на Шабан Шаулиќ наследи австриска пензија: Еве колку ќе добива месечно и зошто Шабан не плаќал придонеси во Србија, туку во Виена

Повеќе од 30 години, Шабан плаќал придонеси и  даноци во Австрија, што го направил австриски пензионер. За жал, тој не беше во можност да ужива во тоа бидејќи замина премногу рано, но затоа неговата пензија е наследена од сопругата Гоца. Оваа сума не може да се спореди со месечниот приход на Шабан за време на неговиот живот, но на некој начин ќе го утеши семејството дека нема да остане без динар.

Шабан заработувал месечно хонорари со кои тешком кој пејач  може да се пофали, а така буквално било уште од почетокот на неговата кариера. Тој беше еден од најплатените и најзафатените, ако не и најпродуктивниот пејач во регионот, па неговото семејство било навикнато на висок животен стандард. Сега ќе мора тоа да се промени, и покрај големата пензионија што ќе ја добиваат.

Одлуката на Шабан да плаќа придонеси и даноци во Виена, каде што живеел во деведесеттите, се покажала како паметен потег.
Сите приходи ги пријавувал исто така во Виена, бидејќи тој имал навстриска дозвола за работа“ – вели извор близок до семејството Шаулиќ и додава:

„Се чини дека Шабан ја донел вистинската одлука, бидејќи неговата сопруга во Србија би можеле да  наследи пензија максимум до 300 евра, додека од Виена ќе и пристигнуваат секој месец  по 3.600 евра до крајот на нејзиниот живот“ .

To top