Радио Милева неутешна...

Вдовицата на Шабан Шаулиќ е во лоша состојба: Ретко спие, малку јаде, не сака да излезе од дома… како да чека тој да се појави на врата! (ФОТО)

Вдовицата на Шабан Шаулиќ е во лоша состојба: Ретко спие, малку јаде, не сака да излезе од дома… како да чека тој да се појави на врата! (ФОТО)

Смртта на Шабан Шаулиќ неговата жена Гордана никако не може да ја преболи, па вдовицата на фолк пејачот не може да се смири и не сака да ја напушти семејната куќа на Дедиње. Најблиските стравуваат  дека таа во нејзиниот ум и мисли како се’ уште да чека Шабан да се појави на вратата од нивниот дом.

„Гоца е многу лошо. Воопшто не излегува од куќата, иако постојано ја посетуваат нејзините ќерки и пријателите. Често доаѓаат и нејзините кумови Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ – Кемиш со кои може да седи и да разговара цела ноќ. Таа малку спие и  речиси воопшто на јаде. Сите и сугерираат дека е добро за неа да замине  малку надвор од Белград, но таа тоа го одбива тоа, како да чека секој пат да се појави Шабан на портите“ –  добро информиран  извор близок до семејството.

Гоца ќе дојде на гробишта со своето семејство дури кон крајот на март, кога ќе се одбележи 40-дневното заминување на Шаулиќ.

Фото: Дамир Дервишагиќ/ Инстаграм принтскрин

To top