Радио Милева преслатка

Важи за еден од најдобрите вокали на естрадата – ќе препознаете ли која пејачка е на фотографијата? (фото)

Важи за еден од најдобрите вокали на естрадата – ќе препознаете ли која пејачка е на фотографијата? (фото)

Пејачката Марија Шерифовиќ важи за една од најдобрите вокали во регионот.

Иако е активна на социјалните мрежи, својот приватен живот го крие од јавноста.

Сепак, на Твитер сега се појави фотографија од  Марија Шерифовиќ како дете, а истата претходно ја објави на социјалните мрежи.

„Искрено, не се променив многу. Исто седам, исто ме нервира кога некој ќе ме фотографира, исто сум тврдоглава, исто ми е омилен стилот на шорцеви, мајца, патики…Хммм, можеби некои работи би ги направила поразлично. Можеби ќе можев да избегнам некои луѓе. Можеби требаше помудро да се однесувам во некои моменти. Можеби можев да бидам помалку ѓубре кон некои луѓе. Меѓутоа, кога ќе собарам и одземам, јас сум задоволна во каква личност пораснав и секако вежбам секој ден да бидам подобра“, напиша Марија покрај фотографијата.

Ова нејзина фотка од деството брзо се прошири низ социјалните мрежи, а еден корисник на Твитер напиша дека не би ја препознал ни за “3 животи“.

фото: Инстаграм/твитер

To top