Изминатиот викенд некои од познатите личности имаа големи поводи за славење.
Така некои славеа годишнина од брак, некои роденден…кој – како.
Македонската водителка Милена Антовска и нејзиниот сопруг Гордан исто така славеа.
Имено, тие го славеа на ќерката Лана Марија која наполни 3 години.

Освен роденденот, Милена и Гордан исто така ја крстија и нивната ќерка, па имаа дупла прослава односно и роденден и крштевка.
По тој повод, Антовска на својот „Инстаграм“ објави фотографија од прославата, а во описот напиша:
– Трет роденден на Лана Марија и крштевка на еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица.

За ова прилика, водителката облече бел фустан, а своето девојче одбра модна комбинација во зелена боја.
Тука е и роденденската торта…

Среќен роденден, да е жива и здрава ќерката!