Радио Милева засекогаш

Важен датум за македонско – српскиот пар: Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ на 22.02.2022 имаа убав повод за славење (фото)

Важен датум за македонско – српскиот пар: Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ на 22.02.2022 имаа убав повод за славење (фото)

Македонскo – српскиот пар Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ кои се запознаа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ на вчерашниот ден 22.02.2022 имаа убав за славење.

Имено, Елена и Гуте славеа македонска годишнина од бракот. Парот на почетокот на 2020 година направи регистрација и мала семејна прослава во Белград, а неколку дена подоцна односно на 20.02.2022 направија голема свадбена прослава во Скопје.

По тој повод Гуте во кусите приказни на „Инстаграм“ објави снимка од небото и датата 20.02.2022.

Елена на „Инстаграм стори“ објави фотографија со Гуте на која таа позира во невестински фустан, а тој во костум.

„Засекогаш“ напиша таа во описот на фотографијата.

Инаку, Гуте и Елена се запознаа кога учествуваа во „Ѕвездите на Гранд“  кога беа под менторство на Ана Бекута.

По неколку месечна врска, Елена и Гуте се верија и венчаа, а на 22.02.2020 направија свадбена прослава во Скопје на која присуствуваа најблиските, семејствата, другарите, пријателите, колегите на двете „новопочени“ „Гранд ѕвезди“.

Во јуни 2020, Елена и Гуте за првпат станаа родители односно го добија синот Максим.

Инаку, вчерашниот датум 20.02.2022 година беше редок осмознаковен палиндром, односно број кој е прочитан во двете насоки има исто значење.

фото: инстаграм/elenamilenkovskaa

To top