Мегафон

Василичарски концерт во МОБ: Диско вечер која ќе се памети

Василичарски концерт во МОБ: Диско вечер која ќе се памети

Македонската опера и балет новата година ја започна со извонреден василичарски концерт и преполна сала во која се бараше место повеќе, токму поради изведбата на безвременски диско хитови од 70-тите години чиј избор на присутние им овозможи незаборавно музичко уживање.

Аплаузите и реакцијата на публиката на првиот од двата концерти (12 и 13 јануари) во режија на Дејан Прошев, беа доволен доказ дека вакви концерти се секогаш атрактивни и привлекуваат огромно внимание.

Диско треската во салата на МОБ ја започна пејачот Ѓоко Таневски кој  ја изведе познатата нумера “Grease”…

По него на сцената во наредните два часа се менуваа хитовите “Why did you do it”, “Sunny”, “Upside down”, “We are Family” “It’s Raining men”, Ain’t nobody”, Dancing queen”, “That’s the way like it”, “Don’t stop till you get enough” “Night fever”, “Hot stuff”, “Staying alive”, и многу други популарни хитови на Глорија Гејнор, Дона Самер, АББА, Би Џиз, Мајкл Џексон, Бони Ем, кои ги изведоа Горан Наумовски, Наде Талевска, Маја Саздановска, Александра Јанева, Елена Петреска, Дани Димитровска, како и Лина Пејовска, Ана Мицковска, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова, Лина Авшар и Александар Тарабунов кој присутните ги потсети на хитот “Celebration”.

Извор: Скопјеинфо.мк

Фото: Вечер/Фејсбук

To top