Васил Гарванлиев, кој требаше да ја претставува нашата земја на јубилејниот 65. Евровизиски фестивал на 16 мај во Ротердам, Холандија, периодов, кога целиот свет е во изолација, деновите ги минува во родната Струмица.
Во меѓувреме, Гарванлиев го промовираше видеото за својата најнова песна. Станува збор за баладата „Мојата улица“, за која самиот напишал музиката, а на пијано го придружува Давор Јордановски, македонски композитор што живее и работи во Канада.
Eмотивниот текст, за кој и самиот Васил вели дека има и биографски елементи, го напишал Игор Џамбазов. Видеото за песната кое го снимил и режирал Ѓорѓи Вацев, е снимено во старата касарна во Струмица, и тоа во еден потег.
„Мојата улица“ фицијално беше промовирана на концертот во неговата Струмица, но се раѓа во комбинација со видео токму во момент кога сите сме дома, и не потсетува на значењето токму на првиот дом и првата адреса.
„По најавата за големото телевизиско шоу на 16 мај, на кое ќе бидат претставени годинашните евровизиски учесници пред телевизискиот аудиториум во Европа и во целиот свет, со евровизискиот тим од МРТ ги чекаме деталите за настапот“ – вели гарванлиев канејќи ве да ја преслушате„Мојата улица“ и погледнете виодеото за неа: