Васил Гарванлиев преку ВИДЕО јавно се извини за најблагоречено „недоразбирањата“ што настанаа изминатите денови откако во неговиот видео запис, „случајно по грешка“ се појавило бугарско знаме.
Потоа осамна и се споделуваше и видео во кое Гарванлиев гордо вели дека освен македонско, има и бугарско државјанство, „јавно мафтајќи“ со бугарскиот пасош, при тоа велејќи дека е роден и живее во Струмица, таму некаде, „од другата страна“, без да и го спомене името на родната земја – Македонија, онаа која го праќа да биде нејзин преставник на Евровизија, а при тоа неколку пати гордо го споменува името на нашиот источен сосед – Бугарија. Иако оние што се трудеа да го оправдаат го бранеа со фактот дека интервјуто кое циркулира деновиве е објавено пред повеќе од година, тоа не ја намалува „навредата врз гордоста на нацијата“ чии реакции ги зовреа социјалните мрежи.
Тој додава дека МРТВ го сменила кадарот од видеозаписот откако во јавноста било „погрешно разбрано“ дека се промовира знамето на Бугарија преку едно уметничко дело изложено во Даутпашиниот амам. Гарванлиев вели дека поради критика за ланскиот видео запис, решил годинава во истиот да прикаже дела од повеќе македонски уметници, поради што се снимало во оваа галерија.
По сето ова, јавноста реагираше дека тој не треба да ја претставува Македонија на Евровизија, а на социјалните мрежи се покрена и петиција МРТВ Гарванлиев да го повлече да биде наш преставник на годинешниот евровизиски натпревар.
Сакајќи да ги „испегла нештата“ и да ја стивне бурата што самиот ја предизвика, Гарванлиев во „јавното видео – извинување“ уште повеќе самиот се заплетка во мрежата од сомнежи.
И покрај навидум искрениот и покајнички говор со отворена душа и скршено срце во рацете на јавноста, како што самиот Васил вели на крајот од видеото, острото око на истата таа јавност не пропушти да забележи дека Гарванлиев на раката носи три бисерни (или од што ли ќе да се веќе направени) нараквици… И повторно случајно во истите „оние“ бои: црвена, зелена и бела, боите на бугарското знаме. Призор кој повторно предизвика цунами од јавни реакции и негодувања.
Нова случајност или обид под плаштот на „искреноста“ да се поттури вистината, само Гарванлиев искрено знае, а на јавноста и останува самата одново да процени и суди? Дали Васил Гарванлиев се обиде „да се извади од калта“, па реши навистина искрено да се извини, или… Човекот е „заталкана душа“ или лош глумец?
Како и да е, МРТВ е на ред да го повлече (по)следниот потег: “To Be, or Not to Be” – прашање е сега?
https://republika.mk/scena/estrada/nova-provokacija-garvanliev-leta-i-orli/?fbclid=IwAR1fJVIhWyMZSFrEBnqJF2C_rGbO8dL6-6IalDBBxiSu4IMH2OABao_Dpuk