Младиот македонски пејач Васил Ангелов Денот на вљубените ви го честита со една своја кавер верзија, поточно, свое видување во преработката на познатата песна на Тоама Здравковиќ „За Љиљану“.
„Инспирацијата ја добивме од филмот „Тома“ во кој воедно песната беше вметната во најемотивната сцена од истиот. На првото слушање на верзијата од Ацо Пејовиќ, заклучив дека можам да ја изведам на свој начин каде што ќе вметнам мои елементи и посебна емоција. Но, ми изгледаше некако непотполно па затоа решив да го вметнам и мојот татко кој е долгогодишен член на „Арија Бенд“ и прв кларинет на Македонска Филхармонија. Кога ги споивме нашите интерпретации резултатот беше овој. Се надеваме дека ви се допадна“ – вели младиот изведувач.
Инаку Васил Ангелов потекнува од музичко семејство, а и самиот е ученик во четврта година во средното музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, во класта на проф. м-р Александра Коцевска.
Покрај пеењето, Васил свири на повеќе инструменти (гитара, пијано, бас, ударни инструменти…) и пред него е допрва музичка кариера.
Како звучи и изгледанеговата верзија на „Љиљана“, проследете во продолжение.