Дисквалификуваната натпреварувачка од регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, Вања Кнежевиќ ја објави својата прва песна и видеоспотза неа.
Младата пејачка го реализираше овој проект со помош на Светлана Цеца Ражнатовиќ и Дамир Хандановиќ.
Интересно е што Кнежевиќ ја објави својата песна токму на роденденот на фолк дивата, со текст: „Ќе те боли кога ќе паднеш на дното“.
Сепак, се чини дека Вања не ја завршила „војната“ со русокосата „мала од скандала“ она другата поп-фолк дива, Јелена Карлеуша, за неа омразената членка од популарното музичко натпреварување.
Изборот на зборовите очигледно не се случајни, туку некому намерно посветени… Како суптилна одмазда, можеби? Друго прашање е дали тоа, тој некој „ќе го допре“?!
Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/karleusastar