Teмата за дисквалификација на Вања Кнежевиќ се уште е главна во медиумите.
Имено, кандидатката беше исфрлена од „Ѕвездите на Гранд“ откако на „Инстаграм стори“ упати навредливи содржини за Јелена Карлеуша и музичкото шоу, а сега некои се потсетија на уште еден сличен пример од минатото.
Имено, ретко кој се сеќава на Љубинка Буба Добросављев која во 2011 ги водеше „Ѕвездите на Гранд“ и доби отказ на оваа работна позиција.
По големата грешка за време на финалето на „Ѕвездите на Гранд“, Буба добила отказ.
Наводно водителката правила многу грешеки за време на програмата, а публиката се жалела на неа. Таа во секоја речница го повторувала зборот суперфинале, а и ги измешала и броевите на кандидатите.
„Се уште не разговарав со Саша Поповиќ за следните ангажмани. Инаку, концептот на емисијата е секоја година да се менуваат водителите, па не е ништо чудно“, изјави водителката во една прилика.
По оваа сезона „Ѕвездите на Гранд“ ги водеа Ана Севиќ и Милан Митровиќ.