Водителот Ване Маркоски изгледа реши да сврти нов лист во неговиот живот, барем кога е во прашање на професионален план.
Имено, тој повеќе нема да биде дел од водителскиот тим на Канал 5 телевизија каде што имаме прилика да го гледаме последните пет години.
Ване се огласи на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека ја прекинале соработката, но не откри конкретно кои се причините за неговото заминување.
„ Поминавме одлични 5 години взаемна соработка, почит и разбирање…
Дојде време за промена, а кога душата е „пуштена на најјако“ најлошо е да и противречиш, па затоа превземав чекор со кој ни се разделија патиштата.
Благодарам на Канал 5 за целокупната доверба овој период, доверба која ја оправдав како работник, работник кој секогаш беше во први редови за одбрана на интересите на телевизија и програмата и останува уште цел месец.
Поради сплет на околности, сега за сега останувам без ТВ ангажман, но среќата во душава ми кажува дека го направив чекорот кој ќе ми донесе нова димензија во животот и многу убави моменти“, напиша Маркоски на социјалните мрежи.
Под објавата се нижеа коментари дека после ова го очекуваат убави промени.
Инаку, Ване својата водителска кариера ја започна во 2002 година локалната телевизија „Кисс“ од Тетово.
На Канал 5 освен тоа што беше дел од екипата „Ние и вие“, во рубриката „Мојот најдобар рецепет“, тој исто така едно време ја водеше емисијата „ ВИП Сезона на Избор на најдобри рецепти “ каде што одеше во домовите на пзонатите и заедно подготвуваа јадења, а на крајот од неделата имаше еден победник, а парите што ги освојуваше победникот одеа во хуманитарни цели.
Дали Ване ќе го видиме на некоја друга телевизија останува да видиме… Неофицијално, водителот добил понуда од националниот сервис, по што еден од првите луѓе на Канал 5 „полудел“ кога слушнал дека Марковски си оди, па бурно реагирал дури и со телефонски закани и кон него и кон една од челничките на уредничкиот тим на МТВ. Колку во сето ова има вистина, остануваме отворени за едната и другата страна да се изјаснат, како и за водителот кој очигледно е пред ТВ трансфер во државната ТВ куќа!