Лаунџ-барот „Етаж“ во нејзиниот роден град Велес, беше локацијата каде младата пејачка Валери Димовска деновиве ја промовираше својата нова песна и видео со наслов „Крај“.
Станува збор за авторско дело на самата Валери и нејзиниот веќе редовен соработник и сограѓанин, композиторот, аранжер, текстописец и продуцент Темелко Андреев, со кого заеднички ја потпишува песната, а сето тоа го визуелизирал во музичко видео Горан Симјаноски.
Покрај авторските песни, Валери на сцената е актуелна и со повеќе соработки и гостувања, како што се дуетот со Нешо и соработката со дуото „Сирилик“, а полека го собира и материјалот за нејзиниот прв албум.
Зошто Валери одлучи да избрише сè и да стави „Крај“, дознајте во продолжение.