Битолчанката Марија Груевска со нејзината појава во „Ѕвездите на Гранд“ го привлече вниманието од самиот почеток.
Имено, Марија во секоја емисија има различен и оригинален стајлинг, но овој пат се надмина себеси.
Таа настапуваше во последната емисија на музичкото шоу. Груевска се претстави со песните „Loco Loco“ од „Хурикејн“ и „Негатив“ од Тијана Дапчевиќ.
Иако жирито и публиката се навикнати Марија да ја гледаат во оригинални изданија и како што рече Јелена во една прилика „светска мода“, никој не очекуваше дека за време на настапот ќе приреди невидено шоу.
Имено, за интерпретација на втората песна, Груевска имаше посебно шоу односно во студиото влезе со змија на себе и додека пееше змијата и шеташе по телото.
По завршувањето на настапот, двете кандидати добија по шест гласови, па имаше повторно прегласување каде што гласовите повторно беа изедначени. Поповиќ беше тој кој пресуди Марија да оди понатаму.
Што ќе подготви Груевска за четвртфиналето и дали ќе влезе во полуфиналето на музичкото шоу останува да видиме.