Пејачот Дарко Лазиќ на својот Тик Ток профил објави видео од хотел во кој е со сопругата, а пред да влезат во собата, Дарко ја удри Каќа по задникот, ја повлече и ја собори на земја, а потоа ја влечеше до собата.
Секако, сето тоа беше шега, а пејачот се обиде на хумористичен начин да објасни како ја принудил Катарина да се омажи за него.
– Како да ја натерате да се омажи – напиша Дарко Лазиќ во описот на видеото кое предизвика лавина коментари и ги запали социјалните мрежи.
Неговото видео шокираше некои корисници, а други насмеа до солзи.
@laziciofficial Kako je naterati da se uda 😂 #darkolazic #mojebivsezene #nekunitemenemojebivsezene #svadbasvadba ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey
Пејачот Дарко Лазиќ неодамна беше опериран за затегнување на кожата на стомакот, а после тоа неговата здравствена состојба се искомплицира, а за него цело време се грижеше сопругата Каќа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тик Ток