Радио Милева стилски погодок

Ваква досега не сте ја виделе: Ѓоковиќ семејно во Италија, а стајлинот на Јелена ги привлече светските медиуми (фото)

Ваква досега не сте ја виделе: Ѓоковиќ семејно во Италија, а стајлинот на Јелена ги привлече светските медиуми (фото)

Новак Ѓоковиќ и неговото семејство по напорната сезона отпатуваа во Италија на заслужен одмор, каде што беа фатени во досега невидено издание.

Тие моментално живеат во провинцијата Јужен Тирол, која се наоѓа на самиот север на земјата.

Со оглед на тоа дека Новак е број еден во тенисот, тој и неговите најблиски се под будното око на јавноста и каде и да се појават не можат да останат незабележани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Тенискиот ас ужива во друштво на сопругата Јелена Ѓоковиќ и децата Стефан и Тара, а италијанските медиуми ги сликаа за време на прошетката.

Тие беа фотографирани во кежуал стил, а стајлингот на Јелена Ѓоковиќ предизвика лавина коментари на мрежите, а таа го привлече вниманието на бројни светски медиуми.

Имено, Јелена се прошета низ градот во бомбер розова зимска јакна, која ја искомбинира со црни панталони.
На нозете носеше бели зимски чизми кои одлично ги комбинираше со чанта во иста боја, а под сакото и се гледаше бел шал.

Косата и беше со брановидни кадрици, а на лицето немаше никаква впечатлива шминка. Сепак, иако изгледа многу скромно, чантата што таа ја избра за оваа облека чини цело богатство.

фото:Twitter/ FirstSportz Tennis/ Instagram printscreen/

To top