На познатата македонска пејачка Андријана Јаневска музиката и е се во животот. Со неа е опкружена и дома и на работа и приватно и професионално. Покрај тоа што пее, таа е и виолинистка и професорка по музика.
А кога сте дел од јавниот свет, без разлика дали сте музичар, пејач, актер, писател….успесите на професионално поле зборуваат за уметникот и ќе ги паметиме најчесто по она што направиле, создале, по нивните иновации, по нивните дела…
За музичкиот талент на Андријана Јаневска не треба да се зборува многу бидејќи таа тоа го потврдува со својот успеси, а овојпат македонската пејачка ќе ја претставува нашата држава во проект за Гинисовата книга.
Со овие убави вести, Јаневска се пофали на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека единствен услов за учество бил во договорот да пишува дека ја претставува Република Македонија.
„Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната“, напиша пејачката.
Под објавата се нижеа честитки и пофалби на Андријана која може да биде горда за еден ваков успех.
„Гинисовата книга на рекорди“ е референцијална книга која се објавува секоја година, и ги содржи меѓународно познатите колекции на светски рекорди во кои се вклучуваат сите човечки достигнувања, како и екстремите на живиот свет. Книгата самата по себе држи светски рекорд, како најпродаваната книга со авторско право на сите времиња.