Радио Милева „данас сам луда“

Ваков настап досега немал никој: Марија Груевска врзана пееше во „Ѕвездите на Гранд“ – „Ова нема конкуренција“

Ваков настап досега немал никој: Марија Груевска врзана пееше во „Ѕвездите на Гранд“ – „Ова нема конкуренција“

Марија Груевска со право ја носи титулата најекстравагантен учесник во „Ѕвездите на Гранд“. Кандидатката од Битола не престанува да нè изненадува повторно и повторно со нејзините смели комбинации на облека и деталниот дизајн.

Последниот пат ги изненади гледачите и публиката кога на сцената на Гранд се појави со змија. а оваа сабота повторно ги надмина сите очекувања кога на сцената ја изнесоа две момчиња додека рацете и беа вржани околу количка.

Филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ и Ханибал Лектор и беа инспирација за нејзиниот сценски перформанс и песната „Данас сам луда“ со која ги остави сите без текст.

Дуетот меѓу Марија и Сања Бобан привлече огромно внимание, а посебно Груевска бидејќи за втората песна се пресоблече.

фото: З.К.Муња/Д. Милошевиќ

„Груевска, фасцинантен е начинот на кој размислуваш. Да се сетиш на Ханибал Лектор и да го споиш со „Данас сам луда“ е нешто навистина неверојатно. Твоите пејачки интервали се толку точни, ова одлично го изработи“, прокоментира Ѓорѓе Давид, а менторот на Марија, Мили додаде:

„Ти си идната „Ѕвезда на Гранд“, ти благодарам што на ова шоу му даваш нова димензија“, изјави Мили.

фото: З.К.Муња/Д. Милошевиќ

Вики Миљковиќ па истакна дека воопшто не и се допаднал настапот на Марија.

Карлеуша ја пофали Груевска и потоа го објасни концептот на македонската кандидатка кој не може секој да го разбере.

„Сите зборуваат за тебе бидејќи го препознаа концептот. Треба да ги негуваме ваквите луѓе“, порача Јелена и додаде дека секогаш ќе гласа за уметноста.

фото: принтскрин/јутуб

Босанац истакна дека настапите на Марија се фасцинантни од првиот момент. Тој додаде дека не се фоксуирал на нејзиниот изглед, туку на нејзиното пеење.

„Ти како пееш, како ги изведуваш фразите, како владееш со дијафрагмата и тоа со врзани раце, тоа е надвор од секоја конкуренција“, изјави Босанац.

Инаку, Груевска помина во полуфиналето.

To top