Денес требаше да биде голем ден за Македонија… Власта конечно после сите перипетии требаше да ги донесе првите вакцини во земјава. Или поточно да ги добие бакшиш од северниот сосед, Република Србија, која пред еден месец ни понуди помош, ама нашиве „стручњаци“ ни помош не знаат да примат, па сето тоа се одолговлекуваше до денес… Или барем така требаше да биде, како што деновиве со фанфари наголемо го најавуваа од власта пристигнувањето на првата тура вакцини. И додека протоколот наголемо се подготвуваше по теркот на „чочек тунел“ со трубачи, тупани, блех музика и тазе смрзнати фрижидери да ги дочека и смести вакцините, некој повторно „му го смести“ на „Зајко ребит“ и тоа онака, административно…!
„Доаѓањето на вакцините против ковид-19 од Србија, кое требаше денес, 11 февруари 2021 год. да се случи на граничниот премин Табановце е одложено. Одложувањето е заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, а вакцините ќе бидат предадени во наредните денови“ – соопшти Владата, која заради својата некадарност уште еднаш „му го смести“ на народот…!
Српскиот претседател Александар Вучиќ не му ја предаде на премиерот Зоран Заев првата пратка од 8.000 бакшиш „Фајзер“ вакцини против Ковид-19. Народот остана да си чека во виртуелната чекална на сајтот за вакцинација, а вакцина… Ко ќе има… Ако има!
Вакцина денес – мало сутра! За ваксинајс – нема аусвајс! Наместо вакцинација, Заев и неговата „килава“ администрација на народот му приредија уште една невкусна „зае*анција“… Вакцина? Мало сутра…! А до сутра, боцкајте се по… „камасутра“!