Главна тема, проблем број 1 во целиот свет е „Ковид 19“ или коронавирусот, па Македонија и светот се уште соочуваат со уште еден здравствен предизвик, за кој сите едвај чекаат да му докјде крај.
Поради превентива и заштита од корона, надлежните институции и Светската здравствена организација постојано апелираат за заштитни мерки, а меѓу нив се често миење на рацете со сапун, самоизолација, намален контакт со луѓе, носење на маски и ракавици, чистење и дезинфекција на површините….
Македонските јавни личности ги почитуваат овие мерки, па многумина од нив останаа во своите домови, а за да ги расположат граѓаните и да го тргнат фокусот од короната, некои од нив се вклучуваат онлајн на социјалните мрежи.
Тамара Тодевска во ваквата ситуација деновите најчесто ги поминува во кругот на нејзиното семејство.
Меѓутоа, кога треба да излезе до продавница или аптека, никој не би ја познал, односно согласно со правилата за заштита, пејачката носи маска и ракавици.
Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа објави фотографија и покажа како се штити од короната.
„Можда изгледам смешно, али јас вака се штитам, и тоа ако отидам до маркет или аптека, евентуално. Вие што ме гледате како НЛО, ваш проблем“ напиша пејачката во описот на „сторито“ каде седи зад воланот со маска и ракавици.