Младата брачна двојка, пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ, заедно ја помина новогодишната ноќ, а дел од атмосферата ја споделија и со нивните обожаватели.
Тие досега беа навикнати да ја гледаат Ражнатовиќ во фино друштво и во елитни ресторани, но оваа година пејачката се одлучила за нешто сосема поинакво.
Имено, пејачката и фудбалерот ја поминале „најлудата ноќ“ шетајќи се низ улиците на Севиља и уживајќи во тамошната програма.
Во меѓувреме, Гудељ сподели фотографија со неговата сакана и покажа како изгледале на новогодишниот дочек.
View this post on Instagram
„Нека ви е среќна Новата година. Ви упатувам најубави желби на сите. Господ нека ве благослови“, напиша фудбалерот во описот на фотографијата.
Фото: Printskrin/Instagram/nemanjagudelj