Радио Милева јас имам некој...

Вака Слаткар го заспива синчето: Во пижами и папучи среде нивниот дом, со приспивна за Моша, дур не го фати сон (ВИДЕО)

Вака Слаткар го заспива синчето: Во пижами и папучи среде нивниот дом, со приспивна за Моша, дур не го фати сон (ВИДЕО)

Марко Маринковиќ – Слаткар и неговата сопруга Сања Николиќ кон средината на април годинава, за прв пат станаа родители.

„Се роди Моша, голем да му расте“-  напиша тогаш „Слаткар“ на социјалните мрежи обзнанувајќи ја радосната вест за приновата во семејството. „Пејачот“ и бившата манекенка сега ги заменија улогите или поточно ги пренаменија.

Среќната мајка искуството од шетањето по модната писта сега го примени со шетање на новородениот подмалдок, кого неодамна за прв пат го изнесе на прошетка низ градот, по наеполни 30 дена од неговото раѓање.  Таа со заштитна маска се прошета со синчето низ скопските улици, а Слаткар овој момент го овековечи со видео кој го објави во кратките приказни на својот „Инстаграм“ профил.

„Пејачот-рапер“ она што го прослави и што најдобро знае да го прави, исто така практично го примени, кога е новородениот син во прашање. Ако до сега им пееше само на своите фанови, сега Слаткар пее и по дома. И тоа некоја нова песна, малку поинаква од неговите, ама затоа апсолутно корисна и во функција на мирен и спокоен сон на своето синче.

До душа, технологијата повторно му помогна на раперот неговите вокални способности да ги прилагоди во полза на потребите на новороденото чедо, само што  овој пат, распеаниот татко микрофонот го замени со нова аудио-видео играчка.

Слаткар во пижами и папучи со новата технолошка играчка в рака, за час смисли приспивна за Моша. Заедно со нежните звуците на музиката од бејби мониторот, новопечениот татко тивко му ја пееше приспивната песна на своето синче доцна во ноќта среде нивниот дом, се додека малечкиот не го фати сон.

А мајка Сања? Таа веќе сонуваше, додека Марко се обидуваше да го заспие нивното синче… Впрочем, слушнете ги внимателно и песната и монолог – стиховите со кои Слаткар го успива малиот Моша.

 

View this post on Instagram

 

Mošiko freestyle ????

A post shared by Slatkaristika (@slatkaristika.official) on

To top