Следбениците и обожавателите на пејачката Северина Којиќ досега немале можност да ѕирнат како изгледа нејзиното семејно гнездо каде живее со сопругот Игор и синот.
За промена, Севе реши да објави неколку фотографии од своето синче додека го украсува домот за Велигден, а со тоа да открие и делови од својот дом.
Малиот Александар заедно со мама ги средувал украсите, а им се придружила и баба Ана, мајката на Северина.
Среќната и задоволна баба се фотографираше заедно со внукот, но денот им беше посебно среќен и поради роденденот на Северина.
Инаку, мајката на пејачката, по породувањето со Северина, паднала во кома и во таква состојаба била пет месеци. Сепак, крајот имал убав завршеток пред 47 години.