Радио Милева спрема за на... сцена

Вака се подготвува Карлеуша за настап во Охрид: Како секси сирена во танга бикини крај базенот, Јелена ужива во денот! (ФОТО)

Вака се подготвува Карлеуша за настап во Охрид: Како секси сирена во танга бикини крај базенот, Јелена  ужива во денот! (ФОТО)

Јелена Карлеуша по подолго време одново настапува, а еден од првите летни настапи е закажан и во Македонија и тоа на 3-ти јули во Охрид.

Русокосата добро знае дека за македонската публика мора да биде совршено психовизички подготвена, па затоа реши да акумулира енергија ида ги полни батериите за својот македонски настап во домашна идила, крај базенот во семејната вила на Дедиње.

Српската поп-фолк дива  како по обичај, максимално раскомотена и распиштолена се појави во дводелен ултра мини костим за капење во сива боја, промовирајќи го своето ново бикини руво како сирена на суво! Костимот за капење веќе виден, со тоа што секоја нејзина силконска дојка ја прекрива по една школка… Или почно, во таков облик е горниот дел на костимот кој ги покрива градите плус мало парче ткаенина за таму долу… кај толку посакуваната „долина на желбите“!

Расната пејачка онака распослана, максимално опуштена, испружена на лежалка што повеќе личи на брачен кревет, го впиваше секој зрак на жешкото сонце, речиси од утро до зајдисонце.

Секако со мали паузи за освежување и разладување во базенот, за што попријатно да го мине денот… И многумина тука се прашуваа дали белградсаката „мала од скандала“ беше сама или некој и правеше друштво? И кој тоа го имал тоа задоволство да се капе со Карлеуша насамо?

Одговорт е едноставен, а него наместо илјада зборови го даде само една селфи слика: Нејзините ќерки Атина и Ника и нивните другарки со мајка им Јелена го минаа денот, крај и во базенот.

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar

To top