Наташа Малинкова со својата „Еуфорија“ кулминира! Истоимената заедничка песна која ја испеа во дует со помладата колешка Александра Јанева, стана вистински летен хит, кој се’ уште „пали и жари“ по радио станиците и на македонските топ листи.
Како и какви песни пее кавадарчанката сите знаат, како изгледа на сцена – исто така, а на нејзините профили на социјалните мрежи можете да ѕирнете по малку и во нејзината приватност!
А таму, последните фотографии кипат од седксапил и… љубов. Раскомотена на плажа во „милитари бикини“…
…Или влезена до половина во во вода, од која извира нејзиното извајано тело, не знаеш која позадина е попривлечна: нејзината или онаа на природата на охридското езеро и неговата околина. како и да е, природна убавина, каде и да фрлиш поглед!
Но, знаете ли како наташа Малинкова дарува љубов? Она што е поинтересно и попривлечно е една фотограгија од нејзините „Инстаграм приказни“ , на која пејачката легната крај брегот, преточена во сочен и сладок бакнеж и прегратка и ја дава сета своја љубов на личноста која најмногу ја сака… Добро, ги има повеќе, но, оваа секако е една од најсаканите. Најмалата и најслатката – нејзината помлада ќеркичка Емилија!
А за крај на денот, еуфоријата заменета со капење во неизмерна љубов на зајдисонце во Охридското езеро! Бисер во водите на охридскиот бисер!